ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Еден знак ќе добие пофалби
Овен
Денес ќе оставате впечаток на силна личност која знае што прави. Размислувате на темата врска, но сепак заклучувате дека не сте подготвени за толку значаен чекор.
Бик
Имате одлична комуникација со пријателите. Ќе запознаете нова личност која ќе ве освои со скромноста и прагматичниот поглед на светот.
Близнаци
Со поддршка од пријателите конечно ќе ги надминете старите проблеми. Расположени сте за средба со партнерот, но во домашни услови.
Рак
Имате впечаток дека семејството ве кочи. Имате тајна симпатија, но си зборувате на самите себе дека тоа е несериозно и дека односот никогаш не би успеал.
Лав
Со многу верба и труд ќе се обидете да ги решите проблемите. Одличен ден за ново познанство. Ќе ви се допадне скриениот сексапил и сила на другата личност.
Девица
Лути сте на себе бидејќи никако не успевате да ги решите проблемите. Незадоволни сте во врската и се прашувате дали дошло време да го прекинете односот кој веќе долго време не функционира.