ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Еден знак не е расположен за старт на љубовна врска
Овен
Подобрување на односите ве очекува денес. Подготвени сте да дадете се од себе за работите да тргнат на подобро. Доколку сте сами, може да очекувате поволен период за нови познанства и флерт.
Бик
Ве очекува поволен ден и јасно ќе ги изнесувате своите ставови. На љубовно поле не ви е лесно да се организирате на вистинскиот начин, со партнерот имате многу промени и пресврти.
Близнаци
Ве очекува фаза која може да ви донесе нови понуди кои ќе ви бидат значајни. Ве очекува период кој ќе ви донесе мала емотивна нестабилност во однос со личноста која ви се допаѓа.
Рак
Ве очекува ден кој носи мала нестабилност. Може да очекувате променлива состојба. Сакате да добиете повеќе внимание и љубов од саканата личност. Потребно ви е да поминувате повеќе време со неа.
Лав
Промените кои се случуваат околу вас на некој начин може да почнат да ве загрижуваат. Емотивната ситуација ви е многу нестабилна. Можно е да немате доволно доверба во партнерот.
Девица
Амбициозни сте и подготвени да работите на себе за да остварите успех. Уживате во авантурите, флертот и не сте расположени за почеток на било каква љубовна врска во овој период.