ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Лавот размислува за прекинување на врската, Ракот ужива во несериозен флерт!
ОВЕН
Имате впечаток дека постои некоја виша сила која не ви дозволува да напредувате на начинот на кој посакувате. Ве очекува интересна комуникација со личност која сте ја запознале преку пријатели.
БИК
За време на викендот завршивте многу обврски и сега успешно ја стартувате неделата. Прилично сте задоволни со околностите во кои се наоѓате со саканата личност.
БЛИЗНАЦИ
Ве очекува нова можност која би можела да ве направи среќни. Отворено ќе покажете интерес кон личноста која ви се допаѓа, а таа одлично ќе го прифати вашиот однос.
РАК
Може да очекувате опуштена атмосфера на училиште, сѐ ќе се одвива во позитивен правец. Уживате во несериозен флерт со личноста која ве привлекува.
ЛАВ
Препорака е да не брзате кога станува збор за нови одлуки. Размислувате за раскинување на врската со партнерот бидејќи тој покажува многу особини кои не ви се допаѓаат.
ДЕВИЦА
Пред вас е нов предизвик кој како и секогаш до сега ќе успеете да го надминете. Многу сте итри и снаодливи. Некоја личност од минатото би можела да се обиде да ја обнови комуникацијата со вас.
ВАГА
Можно е да имате многу проблеми и да не ви биде лесно да излезете сами на крај со сѐ она што ве оптеретува. Може да очекувате еден многу поволен период на љубовно поле.
СКОРПИЈА
Доаѓа време за промени. Нема уште долго да останете заглавени во монотонијата, очекувате промена. Ова не е премногу поволен ден на љубовно поле за вас, ве очекува разочарување.
СТРЕЛЕЦ
Не очекувајте премногу од овој ден. Атмосферата во опкружување е монотона. Сакате да се смирите со личноста која ви се допаѓа, но таа ве одбива.
ЈАРЕЦ
Максимално сте посветени на обврските и важно ви е да ги остварите целите кои сте ги зацртале во дадениот рок. Лесно се впуштате во нова врска и среќни сте дека се случуваат промени. Бевте долго сами и тоа не ви одговараше.
ВОДОЛИЈА
Потребно е да покажете иницијатива за промени за да можете навистина да реализирате нешто од тоа што сакате. Личноста која ви се допаѓа покажува дека и значите.
РИБИ
Доколку побарате помош од вистинската личност може да очекувате дека ќе ги решите дилемите кои ги имате на училиште. Важно е со саканата личност искрено да разговарате за сѐ.