ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Мала грешка може да ве чини крај на врската
Овен
Посветете внимание на некоја омилена тема или личност која ве инспирира на позитивно расположение. Уживајте во убави работи.
Бик
Партнерот во извесна смисла ја искушува вашата наклонетост, потрудете се ги избалансирате заедничките интереси.
Близнаци
Средбата со една личност ви делува дека ќе ве исцрпи, па поради тоа барате различни изговори за избегнете нечие друштво.
Рак
Се е можно кога ќе се спојат убавото и корисното. Насочете ги вашите мисли и внимание кон личност која има слични емотивни афинитети.
Лав
На својот партнер не му оставате многу простор за избор, но за среќа делувате многу убедливо и заводливо. Свесно го користите својот шарм.
Девица
Бидете доволно искрени пред саканата личност. Потребна ви е емотивна близина за да ги надминете заедничките сомнежи.
Вага
Саканата личност ги игнорира вашите идеи и пробува да ве насочи кон своите проблеми. Не можете да се договорите за основните работи.
Шкорпија
Не заборавајте дека постои граница помеѓу практичните интереси и емотивното задоволство, не е дозволено се што ви се допаѓа на вас.
Стрелец
На средба со блиска личност нема потреба да ги потиснувате своите желби и бајковите идеи. Уживајте во нечие друштво.
Јарец
Заборавете на необичните авантуристички идеи кои може да го искомплицираат вашиот емотивен однос и „мирен сон“.
Водолија
Она што му е драго на срцето, не значи дека претставува и добра емотивна одлука. Сепак, останете доследни на она што го мислите и чувствувате.
Риби
Покажете дека имате позитивни намери, немојте да дозволите помеѓу вас и саканата личност да се подигнат нови „емотивни ѕидови“.