ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Неколку знаци ги очекува вистински пекол
Овен
Доколку неодамна се заљубивте пред вас е среќен период. Уживајте во денот и чувствата кои ве преплавуваат. Се околу вас е во знакот на љубовта и среќата. Почетокот на учебната година не можеше да ви биде поубав.
Бик
Вие сте заинтересирани да останете дома. Не ви е дојдено до дружење. Почетокот на учебната година не ве радува многу. Пробајдете да го искористите слободното време пред да започнете со учење, за да го подобрите вашиот изглед.
Близнаци
Денес нема да имате мир ниту на едно место. Телефонот ќе ви ѕвони постојано, нема да можете да постигнете да се видите со сите и да им посветите исто внимание. Но, вашата умешност е во тоа што излегувате на крај со сите ситуации и луѓе со кои би требало да се видите денес. Одличен старт на учебната година.
Рак
Финансиите не ве загрижуваат. Започна учебната година. Џепарлакот оваа година ќе ви биде поголем. Вратете им на вашите родители со добри оценки. Пријателите денес ќе се тепаат за да бидат во ваше друштво.
Лав
Денес сте особено расположени за љубов и сите случувања на тоа поле! Симпатијата ви е од училишните клупи и конечно сте заедно. Но, внимавајте може да бидете неубаво изненадени од ладниот став на соучениците.
Девица
Денес сте си здодевни самите на себе. Уште пред да почнете да учите, вие се плашите од тоа. Искористете го стартот на учебната година за дружба со соучениците со кои не сте се виделе преку летото.
Вага
Денес сте посветени на луѓето кои ги сакате. Ќе ви годи дружба со луѓе од доверба. Работите со симпатијата не се одвиваат добри и тоа некако ќе ви ствара немири. Соучениците ќе го забележат ова на вашето лице.
Шкорпија
Се што ќе наумите да завршите кога се во прашање вашите лични интереси, го правите без одложување. Денес би можеле да дадете максимумот од себе и соучениците да ги оставите без зборови.
Стрелец
Периодот што е пред вас ве тера да заборавите на патувањата. Шансите да се заљубите во училиште се големи, бидејќи од денес најмногу време ќе поминувате во училиште. Изгледа ги одбројувате деновите до првата екскурзија.
Јарец
Пред вас е крај на една фаза и почеток на нова и тоа вистински го чувствувате. Денес можеби повеќе размислувате, за она што ве очекува во текот на новата учебна година. Но, треба да се грижите. Некои работи си доаѓаат сами од себе.
Водолија
Денес сте повеќе наклонети кон другите луѓе, отколку кон себе. Приоритет на вашата листа е симпатијата. Со новата учебна година ви се споија и патиштата. Уживајте во овој период без грижи.
Риби
Уште на самиот старт на учебната година се одлучивте да се посветите на училиштето. Нема трпение кога се во прашање новите работи кои треба да ги научите. Не преотварувајте, уживајте уште малку.