ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Овенот го чека поволен ден, Вагата има криза во љубовта!
ОВЕН
Може да очекувате генерално поволен ден. Можно е да не ја забележувате личноста која се обидува на суптилен начин да ви ги покаже емоциите.
БИК
Може да очекувате ден во кој ќе имате многу обврски. Потрудете се да се посветите на истите, сега кога е тоа важно. Склони сте кон чести кавги и љубоморни испади со саканата личност.
БЛИЗНАЦИ
Пред вас е некој пресврт на училишно поле. Имате впечаток дека состојбата е нестабилна и дека ви се руши тлото под нозете. Нова љубовна прилика ве очекува, но од вас зависи дали ќе ја искористите или не.
РАК
На училиште имате успех и ве прати среќа и судбината сега дефинитивно е на ваша страна. Секој човек има свои маани па така и вашиот партнер. На вас е одлуката дали ќе ги прифатите.
ЛАВ
Обврски на некој начин ве гушат. Потребен ви е одмор за да се наполните со енергија. Лесно го покажувате интересирањето кон личноста која ви се допаѓа.
ДЕВИЦА
Финансиската состојба би требало полека да се поправува кај вас. Може да очекувате позитивен ден. Односот со саканата личност може да биде променлив во наредниот период и сами веќе не знаете што сакате.
ВАГА
Одложувањето на обврските е нешто во што сте генерално добри и сега дојде време сериозно да се посветите на нив. Вашата врска е во криза и свесни сте дека така е веќе подолго време.
СКОРПИЈА
Ве очекува многу добра ситуација на училиште, подготвени сте да остварите и уште поголем успех во иднина. Задоволни сте со својот емотивен избор и добро се чувствувате поради тоа.
СТРЕЛЕЦ
Доаѓа до сериозни промени,кои со тек на време значајно ќе се одразат и на вас. Подготвени сте на саканата личност да и ја дадете љубовта која ја бара од вас.
ЈАРЕЦ
Постепено се ослободувате од големиот број на обврски кои сте ги имале во претходниот период и чувствувате големо олеснување поради тоа. Ја засакавте својата слобода и не сакате нова врска. Имате додворувачи, но не ве интересираат.
ВОДОЛИЈА
Вашата загриженост и нервоза која ја покажувате може да ги демотивира соучениците и да направи општи проблеми на училиште. Заладувањето на односот помеѓу вас и саканата личност води до прекинување на врската.
РИБИ
Сериозни сте и важно ви е работите да иде во посакуваниот правец. Ќе направите сѐ што можете за да ги остварите своите цели. Не очекувајте почеток на нова врска денес. Ова не е поволен ден за вас на љубовно поле.