ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Овенот ќе има проблеми со комуникацијата, Ракот го очекува пресврт!
ОВЕН
Можеби поради проблеми во комуникацијата со некој од училишното опкружување ќе си направите проблем со долготрајни последици. Одлучивте да му покажете на партнерот што да очекува од вашата врска.
БИК
Ако се надевате на голема промена, ќе останете разочарани. Бидете поскромни во своите очекувања. Вашето незадоволство со моменталната врска само расте и станува сѐ појасно дека приказната е готова.
БЛИЗНАЦИ
Овој ден ви носи промени и неочекувани компликации кои може да го загрозат мирот кој сте го имале досега на некој начин. Неочекувано ќе сретнете личност од минатото која ќе ви разбуди некои силни емоции.
РАК
Очекувајте позитивен пресврт кој ќе ви донесе можност за промени. Од вашето залагање зависи колку добро ќе ја искористите. Дојде време за големи одлуки на емоционален план.
ЛАВ
Постои можност некој од училишното опкружување да ви дава потполно погрешни совети кои вие не ги препознавате како такви и им верувате. Би сакале да ја проболите личноста со која неодамна раскинавте.
ДЕВИЦА
Вашиот план ќе го пореметат ненадејни трошоци, но со промена на организацијата ќе можете да се изборите на вистински начин. Вашата врска минуваа низ уште една криза, а ви се укажува и прилика за помала авантура.
ВАГА
Може да очекувате мирен ден во кој вашата рутина нема да биде пореметена. Опуштете се денес. Вашиот партнер покажа некоја страна која многу ве изненади.
СКОРПИЈА
Денешниот ден е поволен за подобрување на односот соучениците. Ако постои нешто од минатото поради кое се каете, ова е вистински момент да се извините. Ќе имате интересен разговор со личност која ви се додворува.
СТРЕЛЕЦ
Се надевате на напредок на училиште и тоа ви дава мотивација и енергија максимално да се трудите. Одбивате да си признаете колку се сериозни проблемите кои ги имате со партнерот.
ЈАРЕЦ
Бидете внимателни кога станува збор за носењето одлуки. Еден ризичен потег може да ве доведе до губење на моменталната позиција. Сѐ повеќе имате впечаток дека саканата личност повеќе се грижи за своите потреби отколку за вашите.
ВОДОЛИЈА
Многу е важно да ја зачувате смиреноста пред проблемите кои ќе се појават неочекувано. Ништо не е толку нерешливо како што изгледа. Може да очекувате ново познанство со личност која ќе ви покаже емоции.
РИБИ
Денес ќе имате чувство дека ништо не ви оди од рака колку и да се трудите. Имајте на ум дека тоа е минливо. Сѐ повеќе ви недостасува слобода и чекате повод за да ја прекинете врската.