ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Овенот со разочарување, Вагата ќе постигне успех!

ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Овенот со разочарување, Вагата ќе постигне успех!

ОВЕН

Денешниот ден за вас е многу поволен, па може да очекувате дека ќе ги остварите своите цели. Тешко ви е да ја замислите својата иднина без личноста која ја сакате. Пред вас е период на разочарување. 

БИК

Денес сте склони кон неочекувани реакции и некои промени на расположението во друштвеното опкружување. Може да се надевате на интересно познанство со личност која ќе ве заинтригира во секоја смисла. 

БЛИЗНАЦИ

Ви се укажува можност да остварите ново пријателство со кое ќе бидете многу задоволни на подолги стази. Одлично го познавате својот партнер и вашата врска со него ви дава сигурност. 

РАК

Денес ќе имате нови компликации на друштвено поле, но секоја лекција која ќе ја научите ќе ви послужи понатаму. Моментално не се сложувате најдобро со саканата личност и во себе длабоко патите поради тоа. 

ЛАВ

Во текот на денешниот ден нема да успеете да го остварите она што го сакате. Потрудете се да не форсирате одредени настани. Иако ви се чини дека вашата симпатија не е заинтересирана, во неочекуван момент ќе ги покаже емоциите кон вас. 

ДЕВИЦА

Денес поголем дел од обрвските ќе ги извршувате сами, немате многу помош од страна на пријателите и не се чувствувате добро поради тоа. Не сте подготвени да влезете во нова врска иако постои една личност за која размислувате.

ВАГА

Ако сте очекувале било каков успех, може да се надевате на поволни околности. Вашиот однос со саканата личност може да биде променлив и нестабилен и имате одредени препреки. Проблеми со забите.

СКОРПИЈА

Ќе ја прифатите новата понуда за забава која ќе ви се укаже во одреден момент. Во дилема сте поради различните понуди за врска и се плашите да не направите погрешен избор.

СТРЕЛЕЦ

Вашите одлуки од претходниот период би можеле да се покажат како погрешни. Ве очекува поволна фаза за завршување на обврските. Денес ќе запознаете интересна личност со која ќе стапите во врска овие денови.

ЈАРЕЦ

Кавгите и озборувањата денеска многу лесно би можеле да доминираат во вашата друштвена средина, па затоа бидете внимателни и вие да не бидете вмешани во тие непријатни настани. Доколку тоа ви се случи нека вашиот став не биде премногу борбен.

ВОДОЛИЈА

Нивото на енергија ви е многу ниско, а комуникативноста намалена. Ваквата состојба може само да ви направи проблеми. Навистина ви е потребен одмор и опуштање. Дозволете си го тоа ако сте во можност и заминете на одмор. Посветете повеќе внимание на вашиот љубовен живот.

РИБИ

Вашиот партнер го идеализирате, па ќе имате проблеми кога ќе се соочите со реалноста. Ќе сфатите дека вашиот љубовен однос донекаде е полн со фантазии, но ќе ви биде многу тешко тоа да го признаете. Обидете се барем денес да уживате во семејната среќа.

Можеби ќе ве интересира: