ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Ракот стагнира на љубовно поле, Близнакот лудо ќе се забавува!
ОВЕН
Свртете се кон нови проекти и не се потпирајте премногу на старите. Доаѓа време за промени. Минатото кое го оставивте зад себе не е лесно но, научивте многу од него.
БИК
Вие сте упорни во сѐ што ќе наумите, па ако успех е ваш приоритет нема сомнежи дека ќе го остварите. Можни се некои несогласувања со партнерот поради различните погледи и ставови.
БЛИЗНАЦИ
Ве очекува можност за добра забава. Може да се надевате на среќни околности на ова поле. Доколку ви се допаѓа личност која сте ја запознале неодамна, нема да ви биде тешко да го најдете патот до нејзиното срце.
РАК
Финансиската ситуација не ви е сосема стабилна, а помислата на тоа многу ве фрустрира. Не сте подготвени за поголеми и посериозни потези на љубовно поле иако партнерот го очекува тоа од вас.
ЛАВ
Пред вас е период на прилагодување на новите околности и промените кои настапиле. Доколку сте во врска со саканата личност имате проблеми и заладени односи. Кризата може да потрае.
ДЕВИЦА
Денешниот ден не е поволен за вас, можни се нови грижи и проблеми дома. Личноста која ви се допаѓа на некој начин почнува да се оддалечува од вас и тој нејзин пристап може да ве олади.
ВАГА
Во наредниот период ќе започне важната фаза на разрешување на одлуки и случувања. Ако сте во врска, имате одличен однос со саканата личност и чувствувате дека на некој начин сѐ е на свое место.
СКОРПИЈА
Донесовте нова одлука поврзана со опкружувањето и нема да дозволите било кој да влијае врз промената на вашето мислење. Ви се допаѓа личност која сѐ уште не покажува дека има симпатии кон вас или емоции.
СТРЕЛЕЦ
Ваш пријател може да ви направи некои проблеми со лоши намери или со неговите непромислени постапки. Интересен ден е пред вас. Некое ново познанство особено ќе ви го промени животот.
ЈАРЕЦ
Нови проблеми доаѓаат, а ни старите не сте ги решиле целосно. Можеби се чувствувате оптеретено на другарското поле. Личноста која ви се допаѓа ќе го направи првиот чекор кон вас.
ВОДОЛИЈА
Среќата е на ваша страна и нештата конечно се подобруваат. Може да очекувате позитивни случувања на ова поле. Сакате односот со саканата личност да напредува.
РИБИ
Доколку се занимавате со хоби кое може да ви оствари финансиски успех ќе успеете да ги остварите плановите кои ги имате. Сакате да разговарате со саканата личност во кој правец оди вашиот однос.