ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Само еден хороскопски знак го очекува големо разочарување!
ОВЕН
Дојдовте до промените кои ги посакувавте и потоа сфативте дека не се доволни. Може да очекувате дека ќе ви се појави личност од минатото или ќе имате некоја случајна средба со неа.
БИК
Владее тензија помеѓу вас и опкружувањето. Не можете сами против сите, потребни ви се сојузници. Ќе се потрудите да и дадете до знаење на саканата личност дека сакате заедничка иднина.
БЛИЗНАЦИ
Можни се некои компликации на полето на пријателство кои негативно ќе влијаат на вашата мотивација. Ве очекува средба со личност која ви се допаѓа. Ова е време за почеток на нова врска.
РАК
Започнувате нов договор со пријателите иако не се чувствувате сосема подготвени за тоа. Можно е да доживеете многу компликации. Очекувајте интересна средба со личност која отворено ќе ви ги покаже своите емоции.
ЛАВ
Подготвени сте да направите сѐ што е до вас за да им помогнете на другите луѓе во вашето опкружување. Ве очекува комуникација со личност која постојано ви се додворува но сепак вие не сте заинтересирани за неа.
ДЕВИЦА
Можни се неочекувани промени на друштвено поле и некои нови ситуации ќе ви внесат нервоза. Сега ви е поважна слободата од било што, не сте подготвени за нова љубовна врска.
ВАГА
Не сте сигурни во тоа дали треба да се впуштите во нова дебата или не. Не е момент за големи одлуки, бидете трпеливи. Доколку продолжите да глумите незаинтересираност, личноста која ви се додворува ќе се откаже.
СКОРПИЈА
Може да очекувате добра понуда за работа и некои нови околности ќе ве натераат да размислите. Ако ја послушате интуицијата ќе имате можност да влезете во врска со личност која многу ќе ви одговара. Проблеми со несоница.
СТРЕЛЕЦ
Имате добра намера за ноќните забави, но организацијата не ви е одлична. Потребна ви е помош од пријателите. Проблемите кои ги имате со саканата личност не се толку големи како што ви изгледаат.
ЈАРЕЦ
Многу сте одговорни и ќе направите сѐ што е потребно пријателите да не трпат поради било што. Можно е да дојде до прекинување на љубовната врска со личноста која не ги исполнила вашите критериуми и барања.
ВОДОЛИЈА
Ќе бидете задоволни со новите случувања. Имате впечаток дека судбината е на ваша страна. На љубовно поле не ви е лесно да донесете конечна одлука. И понатаму постои личност од минатото која ја сакате.
РИБИ
Некои пријателии ќе го покажат своето вистинско лице, а она што ќе го видите нема да ви се допадне. Важно е секогаш да бидете искрени кон личноста која ја сакате. Единствено на тој начин може да одржите здрав однос.