ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Судбината е на страна на Рибата, Рак се оддалечува од партнерот!

ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Судбината е на страна на Рибата, Рак се оддалечува од партнерот!

ОВЕН

Пред вас е можност да го промените своето опкружување и да направите потег кој ќе ве доведе до подобра позиција. Ќе почувствувате големо олеснување откако ќе поразговарате со партнерот. 

БИК

Се наоѓате во опкружување кое не ви одговара и чувствувате притисок од сите страни. Можна е средба со личност која ви се допаѓала одамна, но не сте биле досега заедно. 

БЛИЗНАЦИ

Склони сте кон ризици и вложувања кои можат да бидат на некој начин непроверени или непромислени. Ви се допаѓа личност која ќе покаже дека за неа е нормално да влегува од врска во врска. 

РАК

Можни се големи промени во следниот период, голем дел од нив и не ги очекувате. Не ви се допаѓа атмосферата која владее со саканата личност, поубаво се чувствувате кога сте раздвоени. 

ЛАВ

Може да очекувате дека ќе имате некои помали потешкотии на училишно поле денес. Ве очекува можност за за познавање на личност која ќе покаже дека многу и се допаѓате. 

ДЕВИЦА

Ова е добар период за вас на училишно поле. Ќе имате нови договори и понуди. Пред вас е поволен ден во кој ќе бидете многу задоволни со љубовната ситуација. 

ВАГА

Изборете се со своите демони и најдете решение за проблемите. Не дозволувајте да победи суетата. Потребен ви е партнер кој ќе ви покаже дека може да се носи со вас. 

СКОРПИЈА

Во текот на денешниот ден ве очекува некој настан кој нема да се одрази добро на вас. Поволен ден за љубов. Препуштете се на емоциите кои ги имате кон саканата личност и уживајте со неа. 

СТРЕЛЕЦ

Може да очекувате многу добра атмосфера и стабилна состојба на училиште, сепак е крај на годината. Ве очекува и многу интересна комуникација со личност која ви се додворува веќе некое време. 

ЈАРЕЦ

Може да очекувате понуда која за вас ќе биде многу добра. Пред вас е поволен период. Преку кругот на пријатели успеавте да запознаете нова личност која ви делува интересно.

ВОДОЛИЈА

Не сте сигурни како да реагирате во некои ситуации на училишно поле. Време е да поработите на самодовербата. Личноста која ви се допаѓа засега е ладна и дистанцирана, па не ви е лесно да и пријдете. 

РИБИ

Судбината денес е на ваша страна. Ве очекува и незадолжителна авантура. Ако сте во врска, имате некои проблеми предизвикани од љубомора.

Можеби ќе ве интересира: