ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Турбулентен старт на неделата за два знаци
Овен
Не верувате многу во нечија приказна и нови информации, затоа денес ќе се потпирате на самостојната процена и интуиција.
Бик
Ве следи лош љубовен дијалог. Случувањата се комплицираат и без ваша волја. Ви преостанува да одговорите на обврските без дополнителни коментари.
Близнаци
Некој не ги исполнува вашите емотивни очекувања, а вие сте толерантни и полни со разбирање за личности кои ја користат вашата добра волја.
Рак
Ви недостасува емотивно поттикнување, нема причина да се противите на нечии желби. Партнерот е прекрасно расположен.
Лав
Премногу ве погодува нечие однесување или одлука. Трудете се да ја потиснете своето нерасположение. Некој од соучениците не сака вистината да исплива на површина.
Девица
Денес ве очекува добивка. Лесно е некој да ве вознемири и да ја поттикне вашата силна емотивна реакција. Премногу се грижите поради нечии зборови или постапки.
Вага
Доколку сакате да влијаете на партнерот, мора да бидете малку итри. Во љубовниот однос многу работи се дозволени. Имате доволно храброст да го кажете она што го мислите.
Шкорпија
Денес ќе имате впечаток дека партнерот упорно пркоси на вашата волја, пробајте да ги разберете работите кои се граничат со здравата логика.
Стрелец
Премногу форсирате некои ситуации кои партнерот не може да ги следи. Делувате нерасположено. Некој ја очекува вашата покорност или да се придржувате до зацртаните правила.
Јарец
Ве радуваат новите случувања или расположението кое го препознавате кај блиските личнсоти. Слободно изразете ги своите чувства.
Водолија
Ве очекува необична средба или изненадувачка ситуација која делува позитивно на вас во односот со саканата личност. Секогаш постои потежок или полесен начин до успехот.
Риби
Повторно му премолчувате „одредени детали“ или му ја премолчувате вистината на партнерот. Не можете да очекувате повеќе од она што ви припаѓа.