Дневен хороскоп за четврток: Бидете внимателни

Дневен хороскоп за четврток: Бидете внимателни

Овен

Емотивните дилеми не треба да се продлабочуваат со погрешни одговори, партнерот очекува да ги исполните ветувањата. На средбите со соработниците повремено ви недостасува трпение и чувство за дипломатски манири.

Бик

Омекнете го тонот со кој се обраќате кон саканата личност. Бидете подготвени да прифатите нечие извинување. Избегнувајте конфликт со личност која го предизвикува вашиот начин на размислување и деловните резултати. Секогаш постои решение.

Близнаци

Имате впечаток дека вашиот партнер упорно крие одредени детали или вистина, што дополнително влијае на вашето мрзливо расположение. Нема потреба да ги обвинувате другите за вашиот деловен неуспех, немојте да бидете нефер кон личност чии намери не ги знаете доволно.

Рак

Треба да ги филтрирате чувствата и мислите, да побарате нечие разбирање за грешките што сте ги направиле. Големата упорност понекогаш носи низа компликации во деловните контакти. Избегнувајте конфликтни ситуации и емотивно ривалство.

Лав

Потребно е да ги „помирите“ мислите и чувствата, но и да го зачувате личното достоинство пред личност која добро ве познава. Вознемирени сте поради новите деловни настани и делувате збунето. Нема причина да ризикувате.

Девица

Импулсивно реагирате кон блиска личност, мора да имате трпение и разбирање за нечии слабости. Дипломатијата понекогаш станува неизбежна, но во желбата да оспорите нечие мислење ви недостига вистинската мерка.

Вага

Љубовните желби можете да ги исполните со решение. Уживајте во убавите работи со блиска личност. Некој ги загрозува вашите деловни интереси, но нема причина повеќе да се грижите. Почекајте подобар момент кога ќе ги постигнете своите намери.

Шкорпија

Повнимателно анализирајте ја саканата личност за да дешифрирате некои од скриените пораки или намери. Понекогаш треба да го користите шаховското правило „допрено-отстрането“. Соработниците очекуваат да дејствувате ефикасно и доволно снаодливо.

Стрелец

Саканата личност делува многу инспиративно и знае како да го привлече вашето внимание, правете се што е потребно во име на заедничката среќа. Некој се обидува да ви наметне строги правила на однесување, но не можете да се помирите со разни ограничувања во деловното изразување.

Јарец

Доколку наидете на ладен прием во нечие друштво, размислете за вашите маани. Сте згрешиле некаде. Избегнувајте непознати ситуации или соработници чие однесување ја нарушува вашата концентрација.

Водолија

Водите лош дијалог со саканата личност, меѓу вас има различни интереси и „вредности“. Мотивирани сте за деловен успех, затоа прифатете конкурентна атмосфера или идеја предложена од помлада личност.

Риби

Наместо интензивно да размислувате за нечии маани, подобро е сериозно да го анализирате однесувањето или пропустите што ги правите. Упорно се трудите да ја импресионирате околината, но успехот не е лесен и едноставен. 


Можеби ќе ве интересира: