Дневен хороскоп за петок: Проблеми за неколку знаци
Стрелец
Премногу се потпирате на себе и на вашиот оптимизам кога е работата во прашање. Деловните партнери ве прекоруваат што премногу зборувате и планирате премногу однапред. До крајот на денот поволни вести од странство во однос на семејните односи.
Јарец
Многу сте посветени на деловната цел, но ќе имате проблеми со концентрацијата и вниманието. Внимавајте на начинот на кој комуницирате со партнерот бидејќи веќе некое време негодувате за многу работи. Тоа е одлично.
Водолија
Енергијата на Уран е доминантна денес и ќе бидете многу анксиозни за другите луѓе. Обидете се да бидете во склад со вашите потреби и желби. Проблеми со стомакот.
Риба
Во овој период Јупитер активира се што ви е важно, особено кога станува збор за вашите ставови кон религијата и верувањата. Вашата сила е емотивноста, а тоа ќе го почувствувате особено денес во односот со вашите деца или семејството.