До вчера не знаеше руски, а денес Милица е најдобар студент во Москва!

До вчера не знаеше руски, а денес Милица е најдобар студент во Москва!

Милица Крчавинац од Ариља е прогласена за најдобар студент на мастер студиите на Рускиот државен факултет за социјални науки.

25 - годишната Милица во Москва завршила мастер на смерот „Бренд менаџмент во раклами и односи со јавноста“. На свечената церемонија доби дипломи и симболичен клуч за најдобар студент на универзитетот.

На Милица во вторник за успешното студирање и највисоките оценки ќе и биде доделена престижната „црвена диплома“, која може да се нарече и „почесна диплома“, а истата во Русија ја добиваат само најдобрите студенти.

Исто така, Милица освен високите оценки, наградена е и социјална активност и помош во организирањето на научните активности на универзитетот.

„Пресреќна сум, бидејќи образованието за мене е една од најважните работи во животот. Можам слободно да кажам дека за време на студирањето дадов 100 проценти од себе. Студирањето на друг јазик за мене беше голем предизвик, особено што рускиот не го знаев пред доаѓањето во Русија. Низ секојдневните ситуации и стидирањето го усовршив до највисоко ниво“ - раскажа Милица за РТС.

За разлика од нејзините врсници, со дипломата најдобар студент, Милица ќе се врати во родната Србија каде ќе го примени своење знаење.

Таа основните студии ги завршила во Белград на Факултетот за политички науки, смер новинарство.


Извор: telegraf.rs

Можеби ќе ве интересира: