Доаѓа крајот на лажните реклами на Инстаграм: Се воведува нова забрана
Минатата недела Инстаграм и Фејсбук најавија дека ќе го блокираат прикажувањето на рекламите на одредени производи за слабеење или убавина на корисници помлади од 18 години. Тоа е обид за тинејџерите да се заштитат од опасни пораки за да се биде убава значи да си слаба и дека до таквиот изглед може да се дојдете брзо со лижавче или чај за детоксикација.
Најавено е дека ќе се отстранат сите тврдења на „магичните ефекти“ поврзани со ваквите објави. Изабел Герард, професорка по дигитални медиуми на Универзитетот во Шефилд во Велика Британија, која му помогнала на Инстаграм да ја развие оваа политика, изјавила дека минатата недела е најавен само првиот чекор од политиката која и понатаму ќе се подобрува и прилагодува, пишува TheWashingtonPost.
„Ова нема да биде последното што ќе го слушнете дека Инстаграм работи за им застане на патот на опасните содржини поврзани со диетите и козметичките операции, а ќе продолжи да работи со бројни експерти за да се изборат за многу подобро место“ - рече Герард и призна дека јавноста најмногу ја збунува најавата за отстранување на „магичните тврдења“.
Ова не е прв пат оваа социјална мрежа да се соочи со овој проблем. Во 2012 година Инстаграм ги забрани сите постови кои имаа ознаки како #thinspiration кои го поттикнуваат екстремното слабеење.