Добар 3 е просечната оценка со која матурантите положиле државна матура!
Арбер Адеми, министерот за образование и наука, на прес конференција која се одржа денес во Владата, а по повод резултатите од државната матура, соопшти дека истите биле добри и дека има мало подобрување од минатите години.
Просечната оценка е 3.47, за разлика од лани кога била 3.42. Најмногу избиран изборен предмет од 14.103 ученици е Англиски јазик.
Подобрување има по предметите по македонски јазин и литература, албански јазик, англиски јазин и математика, додека послаби резултати има по историја, биологија, бизнис и турски јазик.
Учениците кои не се задоволни од резултатите, веќе од утре може да поднесат приговори, резултатите се веќе истакнати низ училиштата.