Доби голем попуст: Мадона ја купи куќата на познатиот пејач

Доби голем попуст: Мадона ја купи куќата на познатиот пејач

Објавена во: Живот // Живот

Пејачката Мадона ја купи куќата во Хидн хилс во Калифорнија од пејачот, тестописец и продуцент чие уметничко име е The Weeknd.

Резиденцијата беше објавена на продажба во јуни 2020 година за цена од 25 милиони долари, но од тогаш поминаа многу месеци, па пејачот ја продаде многу поевтино.

Тоа на Мадона и овозможи да склопи подобар договор и да ја купи за 19.3 милиони долари.

Недвижнината има 9 спални соби и 11 бањи, со 7 спални соби во главната и две спални соби во куќата за гости, со вкупна површина од 1.254 метри квадратни.

Кујната со трпезаријата имаат не еден туку два острови, додека во дневната има камин, шанк и прозорци од подот до плафонот. Винскиот подрум, освен регулираната температура, има и необично осветлување, работната соба исто така има камин, а куќата има и медиумска просторија со цела опрема и мал дел за фитнес.

Гаражата за 5 возила е направена во диск - стил со лед ленти на подот.

Фотографиите од новиот имот на пејачката може да ги погледнете во продолжение:


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: