Добредојдовте во малиот розов дом: Девојка претвори комбе во куќа од соништата - и сè има направено сама (ВИДЕО)
Заборавете на плаќањето кирија, бидејќи една креативна 21-годишна девојка откри како може да се живее убаво со комбе...
Една корисничка на ТикТок, Амелиз Бур, од Кембриџ, откри како го трансформирала комбето во модерен розов дом, користејќи евтини материјали.
На само 20 години таа имала свој, како што вели, дом од соништата, а го изградила сосема сама.
Амелиз купила старо комбе, „форд транзит“, за околу 6.000 евра и го претворила во преслатко место за живеење.
Пронашла алуминиумски летви од кои направила рамка за креветот, работната површина во кујната ја направила од дрвени палети кои ги пронашла и избрусила, а розовите плочки ги купила за околу 17 евра.
Исто така на „таванот“ додала вентилатор за вентилација и дури и сама успеала да направи туш-кабина.
Нејзиниот дом има вода, и плин и струја, како и соларни панели.
Гледајќи ги видеата од нејзиното ремек-дело јасно е дека просторот е паметно искористен, сѐ е минијатурно, но сосема доволно и преслатко.
Иако работата ја завршила машки, деталите ја откриваат дека е девојче во душата, па покрај интересните садови, во нејзиниот дом доминира розовата боја на сите оние места каде што тоа е можно.
@ameinavan Welcome to my van tour #vantour #vanlife #vanbuild #vanconversion #tinyliving #tinyhome #spiritualawakening #camping #offgrid #travel #reno #housetour Love Grows (Where My Rosemary Goes) - Edison Lighthouse
За комплетното уредување ѝ биле потребни помалку од 2.500 евра и една година работа, а вели дека на ваквиот потег се одлучила за време на пандемијата кога морала да се врати дома во Британија од Франција, каде што работала, бидејќи ѝ починала баба ѝ.
Тогаш сфатила дека животот е премногу краток и дека мора да почне да ги остварува своите соништа.
Многу луѓе биле неверојатно импресионирани од нејзиниот „направи сам“ проект, а еден дури и кажа: „О Боже, кралице, совршено е“, додека друг ѝ призна: „Морам да најдам храброст да го направам тоа“.