Додека мама Карлеуша ги одбира најскапите модни парчиња, што прават Атина и Ника?
Изгледа дека Атина и Ника не го сакаат шопингот како нивната мајка...
Јелена Карлеуша веќе неколку дена престојува со своите ќерки во Дубаи, а по сончањето и уживањето во луксузот, одвоија време и за шопинг.
Од ќерките не се одвојува ниту на момент, па затоа Атина и Ника беа со неа на шопинг, додека таа избраше скапи парчиња во продавниците на најпознатите брендови.
Додека ја чекаа својата мајка, девојчињата седеа смирено и трпеливо со маски на лицето, Јелена ги снимаше и во еден момент ги праша: „Девојки, дали ви е здодевно?“.
Очигледно тие сè уште не се љубители на вакви работи, па, како што изгледа, едвај чекаа мама им да го заврши она што го наумила...