Дојдовте како деца, а заминувате како млади луѓе подготвени за живот: Директорот на ПТТ ги поздрави матурантите
Секојдневно директорите и професорите на средните училишта низ државата се поздравуваат со своите ученици. За жал, оваа година беа спречени тоа да го направат на свечената матурска прослава, но затоа социјалните мрежи им овозможија да ги поздрават своите ученици.
Откако вчера тоа го направија директорот на СЕПУГС „Васил Антевски - Дрен“, Александар Канурков и професорката Елизабета Секирарска од СОУ „Перо Наков“ - Куманово, следен во низата е директорот на СУГС „Владо Тасевски“, Александар Сибиновски.
Тој на матурантите им посака многу успех и среќа во понатамошниот живот, но исто така им порача дека во професорите секогаш може да најдат искрени пријатели, кои ќе се радуваат на нивните успеси.
Целиот статус на директорот Сибиновски може да го прочитате во продолжение:
Може да ве интересира:
Матуранти, остав: Животот ви сплете една приказна и покажа дека не секогаш е розов како го замислуваме сите