Доколку го земеме маникирот предвид, оваа боја дефинитивно ќе доминира ова лето (ФОТО)

Доколку го земеме маникирот предвид, оваа боја дефинитивно ќе доминира ова лето (ФОТО)

Објавена во: Мода // In and Out

Избери ја вистинската нијанса за себе...

Летото е идеално време за да им обрне повеќе внимание на негата на ноктите. Маникирите во тренди бои се неизбежен моден додаток оваа сезона, а главното место полека го зазема сината боја.

Зимскиот период и миникирите во тоа време се резервирани за темни нијанси, а со доаѓањето на топлите денови и сонцето, нотките стануваат вистинска мала палета на раскошни бои. Од жолтатата, црвената, розовата, виолетовата, портокаловата, белата па сѐ до сината морска - длабока, богато сина.

Козметичарките истакнуваат дека силната сина моментално е најпопуларна боја. Велат дека ја користат во најмалку два маникири во текот на еден ден. Големата популарност на оваа боја е тоа што доаѓа во голем борј примамливи нијанси. Тешко е да не се најде барем една што одговара на вашиот вкус.

Во топлите денови често носиме и отворени чевли и атрактивни сандали, па покрај маникирот потребно е и усогласен педикир и уредување на ноктите на нозете. Можете да изберете покласичен стил и да ги усогласите маникирот и педикирот во истата нијанса.

Во деновите од летото не треба да ви недостасува храброст, па можете да изберете две сосема различни нијанси - една за маникирот, една за педикирот или да отидете една чекор напред и на секој нокт да имате различна нијанса.




фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: