Документарец за нејзиниот живот, мајчинство и настапот на „Супер Боул“: Која е вистинската Џенифер Лопез?
Наскоро следува премиера на филмот кој ќе ја прикаже Џеј Ло онаква каква што досега ја немаме видено...
Џенифер Лопез ќе биде тема на новиот документарен филм кој премиерно ќе биде прикажан на 8 јуни на отварањето на „Tribeca Film Festival“, пред на 14 јуни да почне да се прикажува на Нетфликс.
Филмот носи назив „Halftime“ и ќе ја следи Лопез додека се обидува да балансира помеѓу кариерата, приватниот живот и својот активизам. Секако, големо внимание е посветено на неа како мајка, а сето тоа додека се подготвуваше за настапот на полувремето на „Супер Боул“ 2020 со Шакира.
„Воодушевени сме што можеме да го прикажеме „Halftime“, инспиративниот документарен филм кој го истакнува Џенифер Лопез низ нејзиниот култен настап на полувремето на Супер Боул“ - вели соосновачот на „Tribeca Festival“ и извршната директорка на „Tribeca Enterprises“, Џејн Розентал.
Филмот кој сведочи за нејзината латинокултура премиерно ќе се прикаже на неколку блокови од местото каде што израснала - Бронкс.
Режисерката Аманда Микели ветува дека гледачите ќе имаат увид во „вистинската“ Џеј Ло. Џенифер ќе биде прикажана како личност која се бори со товарот на популарноста и мајчинството и како успева својот глас да го користи за добрината на другите.
Најавата за документарецот следуваше само неколку дена откако се појави веста за веридбата на Џеј Ло со Бен Афлек, иако нивната врска нема да биде прикажана во филмот.
фото: Принтскрин / Инстаграм