Долго време го чуваше тоа за себе: Хари Стајлс откри зошто се срамел од својот љубовен живот
Хари Стајлс можеби е задоволен со својот интимен живот, но не било така секогаш. Во новото интервју за „Better Homes & Gardens“, овој млад и талентиран пејач искрено зборуваше за тоа дека неодамна работел на прашања поврзани за интимноста, а еве што заклучил.
„Долго се чувствував како единствената работа за која сите се интересираат е мојот љубовен живот“ - сподели тој, а потоа додаде: „Се чувствував засрамено поради тоа, се срамев од идејата дека луѓето дури знаат дека водам љубов, а камоли со кој“.
Поранешната ѕвезда на „One Direction“ објасни дека како член на бендот, чувствувал притисок да претстави совршена слика на срцекршач, а тогаш било прифатливо да се флертува: „Пронаоѓањето на некој на кој можам да му верувам беше стресно. Но, мислам дека дојдов до заклучок зошто се срамам? Јас сум 26-годишно момче, кое е сингл.“
Откако стана соло уметник, многумина уште повеќе почнаа да се интересираат за приватноста на Хари, вклучувајќи ги и шпекулациите за неговата сексуалност. Пејачот тогаш сите ги збуни со свооето блескаво чувство за мода - вклучувајќи ја и насловната страница на магазинот „Вог“ во фустан на „Гучи“ - веејќи шарени знамиња за време на своите настапи и сугестивните стихови како што се „Момците и девојките се тука / И се шегувам со нив / И јас сум океј со тоа“.
Хари никогаш експлицитно не го разјасни својот сексуален идентитет и вели дека смета дека објавувањето на таквите информации е „застарено“.
фото: Принтскрин / Инстаграм