Досега необјавено видео од БТС: Погледнете што пеат момците во „Carpool“ караоке

Досега необјавено видео од БТС: Погледнете што пеат момците во „Carpool“ караоке

Објавена во: Stars // Музика

Додека сите нетрпеливо ја чекаме новата песна од групата БТС, американскиот водител Џејмс Корден реши да не израдува со досега необјавено видео од групата, снимено за време на неговата емисика „Carpool“ караоке.

Популарниот к - поп состав ја изведува песната „Baby Shark“, која е хит во сите домови во кои има мали деца.

Корден пред објавувањето на ова видео во својата емисија ги поздрави момците, но и армијата обожаватели, благодарејќи им за двата милиони долари помош за движењето #BlackLivesMatter.

„Додека нашиот претседател е зафатен заканувајќи се со воената армија, ми изгледа дека еднствена армија која треба да праќаме било каде е армијата на БТС“ - рече Џејмс.

„Сакам да им се заблагодарам на обожавателите на БТС з аневеројатната работа која ја направија претходните неколку дена. И нема подобар начин да го направиме тоа, отколку да им подариме необјавено видео од БТС од „Carpool“ караоке“ - заврши тој.

Во продолжение погледнете го видеото:


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: