Драгана Костова испадна од натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“: Ќе биде ли вратена со златен глас? (ВИДЕО)

Драгана Костова испадна од натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“: Ќе биде ли вратена со златен глас? (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Уште е во игра...

Минатата сабота се одржа втората емисија од осминафиналето на „Ѕвездите на Гранд“, во која се претстави и младата Драгана Костова. Таа се претстави со песните „Има један свијет“ и „У инат прошлости“, но на жирито ова нејзино појавување не му се допадна.

Тие истакнаа дека делувала уморно и дека не се борела доволно, но сепак доби 5 гласа и замина во баражот. За жал, не успеа да го помине и со тоа испадна.

Но, и покрај ова ништо не е изгубено, бидејќи таа има уште шанси и со помош на златниот глас ќе може да се врати во натпреварувањето. Дали нејзината менторка ќе одлучи да ѝ го додели токму на неа, останува да видиме кога ќе бидат прогласени сите натпреварувачи кои се пласираа во четвртфиналето.

Настапот на младата струмичанка, може да го погледнете во видеото во продолжение од 45:51 минута.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: