Драгана Мирковиќ и Тони на ќерката ѝ купија автомобил од 190.000 евра: Мануела само што наполни 18 години, а сега се пофали со луксузен подарок

Драгана Мирковиќ и Тони на ќерката ѝ купија автомобил од 190.000 евра: Мануела само што наполни 18 години, а сега се пофали со луксузен подарок

Објавена во: Совети // Семејство

Мануела неодамна влезе во светот на возрасните, заврши средно образование, објавуваше фотки од летувањето, а сега покажа и каков автомобил вози...

Пејачката Драгана Мирковиќ со години ги „криеше децата“ од медумите. Дури неодамна нејзините деца Марко и Мануела, своите профили на Инстаграм ги направија јавни и на јавноста ѝ дозволија да види како изгледаат и како живеат.

Мануела неодамна го прослави полнолетството, заврши средно образование, објавуваше фотки од летувањето, а сега покажа и каков автомобил вози.

Во прашање е Мерцедес GT 63 AMG S со препознатливите таблички на нејзиниот татко „DON“, а истиот чини околу 190.000 евра.

Инаку, сопругот на Драгана Мирковиќ и таткото на нејзините деца, е роден во Австрија како Атониј Бјелиќ, од родители кои се со српско потекло, а и денес целото семејство живее во Виена. Се занимава со бизнис во автомобилската индустрија, има салон за автомобили, но и градежни фирми, како и телевизијата ДМ Сат.

Неговиот син Марко е заљубен во автомобилите, а гордата мајка Драгана во една прилика објави фотографија од него, направена за време на автомобилска трка.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: