Драстичен потег: Хари и Вилијам потполно ги одвоија своите животи!
Меган Маркл и принцот Хари неодамна го одвоија својот стамбен простор од Вилијам и Кејт, а сега наводно дојде редот и на работата. Четворката досега заедно работеше на кралските проекти, но изгледа на сето тоа дојде крај, пишува Cosmopolitan.
Ова ги држеше заедно, но изгледа дека им дојде премногу. Тоа значи дека најверојатно нема да работат на многу проекти како четворка и најверојатно нема да имаат многу заеднички настапи. Тоа не значи дека никогаш нема да се случи, но дека ќе биде ретко. Еден извор за TheSun рече дека односот помеѓу браќата се подобрил откако престанале да работат заедно.
Тоа навистина има смисла, па кој би сакал постојано да работи со братот или сестрата? Ако го додадеме и фактот дека Вилијам еден ден ќе биде крал, јасно е дека сигурно ќе има посериозни размислувања и ограничен спектар на делување и сосема е во ред никој да не пати за тоа. Се е добро додека судирот на интереси се намалува, па дури и одвоената работа, доколку е потребно. Но, се уште ништо не е службено потврдено и на нас не ни преостанува ништо друго освен да почекаме за официјалните информации.