Драстична промена на Камила Кабелјо: Храбро испроба една фризура која многумина не ја сакаат (ФОТО)

Драстична промена на Камила Кабелјо: Храбро испроба една фризура која многумина не ја сакаат (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

И не, не се шишки...

Камила веќе со години, поточно, откако знаеме за неа и откако стана популарна, има иста фризура. Позната е по својата долга темно кафена коса. И никогаш досега нема направено некоја драстична промена.

Но, пред неколку месеци стави крај на долгата врска со Шон Мендес и изгледа дека како сите останати девојки, и на неа ѝ е потребна потрема во изгледот за да покаже дека свртела нова страница. Камила се одлучи за прилично драстична промена, бидејќи не би се осмелил секој да ризикува со оваа фризура. Тешко ни е и да ја замислиме со било каква друга фризура освен со онаа на која сме навикнати.

Но, на сите некогаш им потребна мала промена па така и на Камила. На Инстаграм ги објави новите фотографии на кои ја покажа својата нова „фудбалерка“. Да, добро прочитавте. Ова е верзијата за долга коса, но тоа е тој изглед. Им се придружи на Мајли и Били Ајлиш, кои ваква фризура носеа уште минатата година.

Луѓето се изненадени, бидејќи ова не беше очекувано, но сепак е пријатно изненадување, бидејќи сите се согласија дека одлично ѝ стои. Дури и нејзиното поранешно момче, Шон Мендес се сложи дека изгледа добро, бидејќи ѝ стави лајк на новите фотографии.



фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: