Драстична промена за Хелена Топаловиќ: Ќерката на познатиот фолкер ја скрати долгата коса (ФОТО)

Драстична промена за Хелена Топаловиќ: Ќерката на познатиот фолкер ја скрати долгата коса (ФОТО)

Објавена во: Stars // Музика

Ќерката на познатиот фолкер реши да направи значајна промена

Хелена Топаловиќ, иако во јавноста е позната по тоа што е ќерка на пејачот Милан Топаловиќ Топалко, има голем број следбеници на Инстаграм, па многумина ја сметаат за инфлуенсерка. Сака да споделува со луѓето кои ја следат што прави и како изгледа, а сега направи значајна промена.


Имено, таа објави видео и фотографии на кои се гледа дека посетила фризер и значително ја скратила својата долга коса која беше нејзин заштитен знак.

Ќерката на Топалко сега има кратка фризура, а бојата не ја смени, па и понатаму е црна.

Во видеото каде покажува како изгледа сега, таа се смешка, веројатно задоволна од резултатите на својот фризер.

Инаку, Хелена не крие дека ужива во луксузни работи, па неодамна покажа дека возниот парк на нејзиниот сопруг е зголемен со нова „пеколна машина“, чија цена се движи меѓу 100.000 и 120.000 евра.

Извор: 24sedam.rs

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: