Дуа Липа е разочарана од социјалните мрежи: Многу луѓе ги користат за да шират омраза
Поп ѕвездата Дуа Лупа истакна дека социјалните мрежи се плодно тло за омраза и навреди.
Таа во разговорот за „BBC Breakfast“ ги повика корисниците на социјалните мрежи да се однесуваат поубаво едни кон други и тоа за општо добро на заедницата. „Има денови кога воопшто не читам коментари. Од друга страна, има и такви денови кога можеби се чувствувам малку ранливо и тогаш започнувам во потрага за работи кои не сакам да ги видам“ - му кажа пејачката на водителот Луис Минчин.
„Сметам дека социјалните мрежи може да бидат неверојатна алатка и може да биде забавно да се споделуваат работите, но истовремено се место за омраза и навреди. Луѓето се чувствуваат како да може да кажат се што им е на ум, бидејќи се кријат зад екраните“ - додаде младата пејачка.
И други млади ѕвезди, како што е Селена Гомез неодамна ја истакнаа својата загриженост поради однесувањето на корисниците на социјалните мрежи, а таа оваа го истакна на овогодинешниот филмски фестивал во Кан.