Дуа Липа има ново момче: Во врска е со пејачот кој е 3 години помлад од неа (ФОТО)
Нова двојка на светската сцена...
Дуа Липа и младиот рапер поминуваат сѐ повеќе време заедно и имаат симпатии еден кон друг. Се дружеа на некои настани и изгледа дека се родило пријателство кое сега прерасна во нешто повеќе.
По крајот на врската со Анвар Хадид, некое време беше сингл, но изгледа дека е време за промена на љубовниот статус. Дуа Липа сега фрли око на некој друг. На раперот Џек Харлоу! Тие двајца се сѐ повеќе загреани еден за друг, а тоа за „Page Six“ го потврди и извор близок до нив, кој кажа дека имаат симпатии еден кон друг и дека се отворени за да видат каде може да отиде нивниот однос.
За првпат официјално се запознале на „Variety Hitmakers Brunch“ во Лос Анџелес и останале во контакт. Изгледа дека Харлоу успеа да ја освои Дуа Липа, бидејќи ни порано не ги криеше своите симпатии кон неа. Тој ја запознал многу порано, а во една своја песна кажа дека сака нешто повеќе со неа. И изгледа дека желбата му се остварила.
Дуа и Анвар, братот на Џиџи и Бела Хадид, беа заедно 2 години, а зошто дојде до разделба, никогаш не открија. Дуа Лупа е уште една позната девојка која сега покажа дека годините не се важни и дека не би требало да се игнорира некое момче, само затоа што е помладо од тебе.
Иако разликата помеѓу нив не е преголема, тој е само три години помлад од неа, Дуа е прилично луда по него и изгледа дека тука би можела да се роди вистинска љубов.
фото: Принтскрин / Инстаграм