Дуа Липа наскоро со нов албум
По успешните соработки со Мигел, Блекпинк, Калвин Харис, Дипло, Мартин Гарикс и Шон Пол, Дуа Липа најавува нов проект и открива дека на него би сакала да соработува со Пинк, Френк Оушн и Алиша Кис.
Откако пејачката неодамна го објави и синглот „Еlectricity", на Твитер ги израдува своите обожаватели со информацијата дека работи на новиот албум.
„Возбудена сум поради мојот прв концептуален албум, тоа е нешто сосем ново за мене и среќна сум за тоа“, изјави поп-ѕвездата во едно интервју.
Албумот Complete Edition се очекува да биде објавен на 19 октомври.
Инаку оваа британската пејачка неодамна Би-би-си ја стави на листата за највлијателни жени во светот на музиката.
Photo credits: @DUALIPA