Дуа Липа повторно ги провоцира Србите: Моето име звучи како домот кој не можеа да ни го украдат
Пејачката не пропушта прилика да предизвика гнев...
Пејачката Дуа Липа е една од оние кои навистина сакаат да предизвикуваат гнев кај српскиот народ, со своите изјави. Досега тоа го направи неколку пати.
Имено, таа зборуваше дека Србите го протерале нејзиното семејство од Косово, редовно го прославува Денот на независноста на Косово, а со тоа производите како ќебапи и лесковачки ајвар, ги претставува како албански.
Неодамна престојуваше во Приштина, а потоа на својот профил на Инстаграм го објави текстот од песната „Име“, каде алудира на своето потекло и тоа дека „нејзиниот народ е протеран“ од Косово.
„Го сакам своето име, бидејќи звучи како земјата на моите родители. Како земјата опкружена со планини на која моите дедовци престојувале. Како храната која нашите жени ја подготвувале со свои раце, создавајќи сѐ од ништо. Како јазикот кој беше забранет и кој тајно се учеше во подрумите на скриените куќа. Го сакам своето име, бидејќи звучи како домот кој не можеа да ни го украдат“ - стои во објавата на пејачката, која повторно предизвика гнев кај Србите.
фото: Принтскрин / Инстаграм