Дуња Јованиќ во бојата која ќе биде тренд оваа пролет: Инфлуенсерката оваа нијанса ја носи на еден од начините кој сигурно ќе го ископираме
Инфлуенсерката Дуња Јованиќ во бојата која ќе биде тренд оваа пролет...
Топлото време полека се наближува и изгледа дека веќе почна сонувањето за омилените пролетни комбинации.
Знаеме дека е важно да се живее во сегашноста, но исто така сме љубопитни и сакаме да фрлиме поглед на иднината, а веќе знаеме дека боите играа многу важна улога.
Во тоа име, веќе фрламе око на најлежерната тренди боја за омилената сезона.
Популарната инфлуенсерка Дуња Јованиќ, е една од оние деовјки во чиј избор секогаш уживаме, а скоро сите нејзини издание би ги носеле со задоволство.
Тоа е така и сега, кога за дневна комбинација, инфлуенсерката одбра комплет во бојата која ќе биде хит оваа пролет и која веќе ги освои колекциите во продавниците на сите „high street“ брендови.
Имено, таа на својот Инстаграм профил покажа како ја носи портокаловата боја, која ја има искомбинирано во тренди издание кое може да се види на улиците на светските модни метрополи.
Во модниот свет оваа сезона со цел се излегува од удобната зона, кој аминатата година беше доминантна поради пандемијата.
Луѓето често ја опишуваат портокаловата боја како светла, разиграна и весела.
Дека ништо нема повеќе моќ за да промени духот на облеката, како што можан трендовските бои на пролетта, добар доказ е и изборот на Дуња. А, доколку се земе предвид и тоа што за помалку од 24 часа собра скоро 40.000 лајкови, повеќе нема простор за сомнеж.
фото: Инстаграм