Два Вибер профили на еден телефон: Погледнете што треба да направите и како да ги користите
Многу корисници имаат проблем поради тоа што на Dual SIM телефоните немаат два профили на ВИбер. Еве едно од можните решенија.
Доколку немате некои од новите телефони, кои овозможуваат да имаат повеќе профили на една апликација (клонирани апликации), тогаш најверојатно сте во потрага за некои од решенијата, кои може да ви помогнат да го користите Виберот и другите апликации со два профили на ист уред.
Виберот е посебен затоа што во некои случаи, дури и кога постои можност за клонирање на апликацијата, таа апликација е изземена од неа (примери се некои понови модели на Honor, Huawei и други телефони). Доколку е така, ова може да ти помогне.
Вибер има свои причини поради кои не дозволува неговата апликација да се користи истовремено на два профили на ист уред. Тоа е, токму како што веќе кажавме, оневозможено дури и во некои случаи кога телефонот со Dual SIM поддршка (и без неа) има и „„Близнак за апликации“ мени, кое овозможува на истата апликација да бидете вклучени од два профили.
Сепак, корисниците сакаат да имаат два профили на Вибер на ист уред и покрај сите ограничувања, кои се тука поради помалку или повеќе оправдани причини.
Едно од популарните решенија и веќе испитани е користењето на дополнителна апликација, која ќе овозможи користење на посебен, виртуелен простор, во кој ќе се инсталира Вибер, така што тој нема да се „судира“ со веќе инсталираната апликација. Апликацијата за која зборуваме е Parallel Space и никако не ја одбравме без причина. Таа е веќе долго достапна, проверена и со факти поткрепена апликација, која не содржи малициозен софтвер или пак работи лошо. Секако тоа ви го потврдуваат и оценките, Parallel Space е оценета од над 4,5 милиони корисници, со вкупна оценка 4,5, а ја имаат инсталирано над 100 милиони луѓе ширум светот.
Апликацијата е бесплатна и е достапна за Андроид уредите и не постои за iPod, iPad и iPhone.
Како се користи и како работи Parallel Space:
Кога ќе ја инсталирате Paralle Space ќе го одберете Вибер од мените за избор на двојни апликации, го внесувате новиот број, кој веќе го имате во вашиот Dual SIM телефон или кој е активен во тој момент, за да примите број за активација и тоа е тоа. Нема повторно инсталирање на апликацијата Вибер, а известувањата работат во реално време, како и на вообичаената Вибер апликација, со тоа што мора да влезете во Parallel Space апликацијата, за да ги прочите Вибер пораките.
Доколку се случи да не видите некое известување за порака тоа го имате во Parallel Space, бидејќи иконата Вибер има круг со бројач на непрочитани содржини. Истото важи и за повиците - известувањата работат во реално време и можете да повикувате и разговарате како со примарната апликација, додека бројот на пропуштени повици ќе се прикаже на истиот начин, како и кај пораките.
Извор: modno.rs