Две момчиња кои се пријатели од училиште имаат иста фризура: Причината расплака многумина (ВИДЕО)

Две момчиња кои се пријатели од училиште имаат иста фризура: Причината расплака многумина (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Другарство

Момчињата Џексон Розебуш и Реди Велдон учат во исто одделение и имаат иста фризура. Причината поради која го направија тоа расплака многумина.

Детската невиност е нешто прекрасно. Децата не осудуваат, тие се искрени и чисти и тоа треба да се негува.

Вистински пример за таква невиност се двајцата најдобри пријатели Џексон Розебуш и Реди Велдон. Освен што учат во исто одделение, тие се сметаат за браќа. Пред 3 години мислеле дека ќе можат добро да ја измамат својата наставничка.

Смислиле план за станат потполно исти, за никој да не може да ги разликува. Џексон ја прашал својата мајка дали може да се ишиша како Реди, за да бидат близнаци.

Биле толку возбудени поради својот план што не можеле да престанат да се смешкаат во фризерскиот салон.

Мајката на Џексон, го објавила нивниот план на Фејсбук:

„Ова утро со Џексон зборував за неговата луда коса. Му кажав дека за време на викенд мора да оди на шишање. Тој кажа дека сака да ја ишиша својата коса што е можно пократко, за да изгледа како неговиот пријател Реди. Кажа дека не може да дочека да оди на училиште со новата фризура, бидејќи наставничката нема да може да ги разликува. Мислеше дека ќе биде многу смешно што ќе збуни наставничката со истата фризура“.

Таа објави фотографија по шишањето и се пошегува: „Ова е фотка од Џекс и Реди. Сигурна сум дека сите гледате колку се слични“.

Оваа мајка била воодушевена од тоа што нејзиниот син сметал дека е поразличен од својот пријател само поради фризурата: „Ако ова не е доказ дека омразата и предрасудите се нешто научено, тогаш не знам што е. Единствената разлика која Џекс ја гледа е нивната фризура“.

Тој мал гест, многу му значел на семејството на Реди, бидејќи тој е посвоен и го учат дека е многу важно да не им суди на луѓето по изгледот.

Мајката на Џексон уште во февруари напиша објава за да се присети на сите реакции кои ги доби по нејзината објава:

„Пред 2 години објавив неколку реченици за мојот син и неговата фризура. Немав идеја што ќе се случи. Една моја пријателка тоа го претвори во вест. Овие две момчиња се најдоа во „Cosmo“, магазинот „People“ и многу други.

NBC дури еден цел ден го зеде нивното одделение за да можат да направат репортажа за нив. Бевме дури во емисијата „The Steve Harvey“. Но, најдобрата работа од сето тоа е фактот што двете семејства станаа најдобри пријатели. Затоа сум најблагодарна“.

Момчињата и понатаму се пријатели и уживаат во популарноста која им ја донесе нивната „фризура“.


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: