Две се на возраст под 10 години: Топ 10 најплатени јутјуб ѕвезди за 2019

Две се на возраст под 10 години: Топ 10 најплатени јутјуб ѕвезди за 2019

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

„Форбс“ ги пресмета и годинешниве најдобри заработувачки на Јутјуб и некои нови лица се додадени на годишниот список. Меѓутоа најдобро заработуваат гејмерите, каскадерите и „мејк - ап“ артистите. Две од најплатените ѕвезди се на возраст под 10 години, а нивната специјализација е играње со играчки.

Ова се 10 - те најплатени јутјубери, според „Форбс“:

# VanossGaming (Evan Fong) - 11.5 милиони долари

Evan Fong не е странец на оваа листа. Минатата година беше на 7 - то место, со неверојатни 17 милиони долари за гејминг видеа.

# DanTDM (Daniel Middleton) - 12 милиони долари

Daniel Middleton беше на врвот на оваа листа. Минатата година, тој беше 4 - ти, со 18,5 милиони долари. Британскиот гејмер падна неколку места, но сепак нема потреба за зажелење.

# Markiplier (Mark Fischbach) - 13 милиони долари

Markiplier, гејмерот чие вистинско име е Mark Edward Fischbach е познат по неговите „Let's Play“ видеа, во кои дава коментари на екранот додека игра.

# PewDiePie (Felix Kjellberg) - 13 милиони долари

PewDiePie, кој вистински се вика Felix Kjellberg е конторверзен креатор од Шведска. Тој неодамна објави дека ќе се одмори од Јутјуб, наведувајќи дека е уморен. Тој ова го сподели три дека откако Јутјуб ги објави упатствата за умереност на содржината, спречувајќи го говорот на омраза во видеата.

# Preston (Preston Arsement) - 14 милиони долари

Preston е ново лице на листата на „Форбс“. Тој е гејмер кој започна да игра Call of Duty. Според „Форбс“, тој исто така заработува пари од серверите на Minecraft.

# Jeffree Star - 17 милиони долари

Jeffree Star започна од MySpace и сега има успешна линија за шминка. Оваа година колегата Shane Dawson направи документарен серијал „The Secret World of Jeffree Star“, кој има 9 епизоди на јутјуб.

# Rhett and Link - 17.5 милиони долари

„Форбс“ вели дека Rhett and Link се две од првите ѕвезди на јутјуб. Тие се домаќини на ток-шоута на најразличните видови. Заедно работат 4 канали на Јутјуб, а според „Форбс“ оваа година се здобиле со уште еден успешен канал на Јутјуб, Smosh, за пријавените 10 милиони долари.

# Anastasia Radzinskaya - 18 милиони долари 

„Форбс“ ја профилираше 5 - годишната ѕвезда, која е родена во Русија со церебрална паралица. Лекарите се плашеле дека таа никогаш нема да зборува, а сега таа е главен лик на „Liek Nastya Vlog“, кој има 42.5 милиони претплатници. Во видеата на ова девојче тоа најмногу си игра со нејзиниот татко и сега работи со брендови за играчки и храна.

# Dude Perfect - 20 милиони долари

Петчлената спортска екипа, позната како Dude Perfect е специјализирана за сложени трик снимки. Тие ја заработија истата сума и минатата година и беа рангирани на 3 - тото место на списокот.

# Ryan Kaji - 26 милиони долари

Никој не може да го победи Ryan, кој исто така беше број еден на минатогодишниот список. Неговиот канал има 22.9 милиони претплатници и повеќе од 34 билиони прегледи. Едно од неговите најпопуларни видеа доби зачудувајки 1.9 билиони прегледи.

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: