Двегодишно момче пронајдено изгладнето до смрт покрај својот починат татко: Мајката била во шок кога ја видела морничавата слика
Телото на двегодишно момче е пронајдено мртво покрај својот татко, откако тој доживеал срцев удар. Изненадната смрт на таткото, а потоа и на детето ги оставила без зборови луѓето во Австралија.
Според полицискиот извештај, како што пренесува „News AU“, детето по изненадната смрт на таткото неколку дена подоцна починало од глад. Социјалната служба не успеала да го спаси детето, изјавиле очајните членови на смејството.
Бронсон Батерсби (2) беше пронајден свиен покрај неговиот татко Кенет. Мајката на Бронсон, Сара (43) изјави дека очекувала социјалната служба да се грижи за безбедноста на децата, но дека институцијата повторно ги изневерила.
Таткото и синот последен пат биле видени ден по Божиќ, а Кенет ненадејно починал после голем срцев удар. Момчето кое е под надзор на Социјалните служби, останало само без храна и вода покрај телото на својот мртов татко.
Социјалните служби го посетија домот на Кенет на 2 јануари и повторно два дена подоцна, но немало одговор. Тие стапиле во контакт со полицијата, но зачудувачки, органите на редот дошле на адресата дури пет дена по повикот на социјалните служби.
Според извештајот, момчето починало од глад и дехидрација.
„Доколку социјалните служби ја завршеа својата работа, мојот син ќе беше жив. Но, тие не направија ништо. Тој нема да се извлече. Го видов извештајот. Кенет починал најдоцна на 29 декември, што значи дека кога го посетиле на 2 јануари мојот син бил уште жив и можеле да го спасат“, рекла очајната мајка и низ солзи кажала дека не го прегрнала синот кога требало да го идентификува и дека само го допирала.
Фото: Принтскрин
Извор:Zena.blic.rs