Двојката Бенифер е сè посериозна кога е романсата во прашање: Џенифер и Афлек сега поминуваат време и со децата, еве што прават заедно

Двојката Бенифер е сè посериозна кога е романсата во прашање: Џенифер и Афлек сега поминуваат време и со децата, еве што прават заедно

Објавена во: Совети // Семејство

Омилената холивудска двојка Џенифер Лопез (51) и Бен Афлек (48) се фотографирани заедно со децата во „Универсал студиото“ во Лос Анџелес, каде за целото време уживаа и „блескаа“ од среќа.

Имено, познатата двојка која обожавателите често ја нарекуваат „Бенифер“ веќе некое време не ја крие својата љубов, а изгледа дека и нивните деца се дружат убаво и поминуваат квалитетно време заедно.

Овој пат актерот и пејачката со нејзините деца, Ема и Максимилијан, како и со синот на Бен, Семјуел беа на забавно возење, каде мораа да носат кабаници за да се заштитат од водата, бидејќи ролеркостерот поминува низ „езеро“.

Децата и Џенифер за целото време врескаа од среќа, додека ни Бен не ја криеше насмевката на лицето и цело време со погледот следеше дали децата се забавуваат.

Подоцна заминаа и на друго возење, а додека се шетаа тие двајца за целото време се држеа за раце и буквално „блескаа“ од љубов.

Џеј Ло за оваа прилика носеше беж панталони и бела маица, додека комбинацијата ја надполни со светлорозова чанта и бели патики. Бен исто така беше во бела маица, темни фармерки, сив џемпер и сиви патики, а двајцата носеа и очила за сонце.

фото: MEGA Agency/BACKGRID/Backgrid USA/ Profimedia

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: