Џастин Бибер и Хајли Болдвин за „Вог“ откриваат тајни од заедничкиот живот и љубовта во бракот

Џастин Бибер и Хајли Болдвин за „Вог“ откриваат тајни од заедничкиот живот и љубовта во бракот

Објавена во: Stars // Музика

По само 12 недели откако ја започнаа својата љубовна врска, пејачот Џастин Бибер и манекенката Хајли Болдвин одлучија да застанат пред матичар. За причините и одлуката за брзиот брак, за нивната љубов, но и за заедничкиот живот тие ја раскажаа својата приказна за магазинот „Вог“, а се најдоа и на неговата насловна страница.

Кога се откри дека 22 годишната Хајли и две години постариот Џастин, минатата година по само неколку месечна врска ќе стапат во брак јавноста остана во шок. Сите беа заинтересирани која е причината за ваквата брза одлука.

По неколку месеци, сега веќе е  јасно зошто се одлучија на таков чекор, особено по последното нивно интервју за „Вог“ во кое зборуваат отворено за нивната љубов и за тоа дека одлучиле меѓу нив да нема никаква интимност се` до стапувањето во брак.

Овa е прво интервју на Бибер по двогодишниот медиумски молк, во кое откри дека верските убедувања го довеле до одлуката да не биде интимен со својата девојка се` до стапувањето во брак и тоа било најдобрата одлука која можел да ја донесе.

„Кога ја видов минатиот  јуни, знаев колку ја сакам, но знаев и колку таа позитивно влијае на мојот живот“, откри Бибер во интервјуто.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: