Џастин Бибер и Хејли Болдвин одлучија кога ќе прават гламурозна свадба!

Џастин Бибер и Хејли Болдвин одлучија кога ќе прават гламурозна свадба!

Објавена во: Stars // Музика

Планетарно популарниот пејач Џастин Бибер и неговата избраничка, амерканскиот модел Хејли Болдвин се на прагот на крунисување на љубовта и конечно го одредија датумот за формалната прослава по повод нивната свадба. Гламорозната прослава би требало да биде организирана следниот месец.

Џастин во јуни минатата година ја запроси Хејли на Бахамите, а потоа во септември истата година тајно се венчаа во Њујорк. Парот моментално размислува за датум за формалната прослава во кругот на семејството и пријателите, истакнува извор близок на парот за 'TMZ'.

Со оглед на тоа што во септември ќе прослават една година од тајната венчавка, ова би можело да биде и прослава на годишнина и официјална прослава за венчавката. Точниот датум се уште не е познат, но Бибер и Хејли планираат да ги испратат поканите на гостите за една недела. Пријателите наведуваат дека Џастин и Хајли одлично се вклопиле и дека моментално живеат идиличен живот.

Бибер во четвртокот на Инстаграм сподели фотографија од својата сопруга со романтичен опис:

„Секој ден се повеќе и повеќе сум заљубен во тебе. Ти си најубавата работа што некогаш ми се случила. Би бил изгубен без тебе“ - напиша Џастин.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: