Џастин Бибер на лечење!
Проблеми во бракот, Селена Гомез или нешто трето? Џастин
Бибер посетува третмани за лечење од депресија!
Иако Џастин Бибер се повлече од музичката сцена и понатаму е главнa вест на сите портали, особено откако неговите пријатели открија дека се бори со еден голем проблем.
Извори блиски на Бибер открија дека младиот пејач веќе подолго време се бори со депресија, но и дека почнал да посетува третмани за кои е убеден дека ќе му помогнат.
Пејачот за кој и понатаму лудува светот и медиумите го следат секој негов чекор веќе подолго време се чувствува безволно и уморно. За магазинот People оваа вест ја открија извори блиски на Бибер, додавајќи дека причината за депресијата не е бракот со Хајли Болдвин, за кој често се пишуваше дека е при крај и дека Џастин не е среќен поради неа. Сосема спротивно на тоа, тој дел од неговиот живот е она што во моментов најмногу го радува.
Причината за депресијата со која тој во моментов се бори е поврзан со популарноста. Секој негов чекор го следат медиумите, обожавателите и фотоапаратите. Започна како симпатичен тинејџер од Канада, мил и пристоен дечко, но големата и брза популарност со која одеднаш требаше да се бори го промени во целост. Заради сето тоа, извори блиски на Бибер откриваат дека пејачот понекогаш има чувство како сите да посакуваат да го видат скршен.
Иако околку себе има луѓе кои му помагаат посетува и третмани кои му помагаат во борбата со депресија, Џастин верува дека ова ќе му помогне што поскоро да се почувствува подобро. Ова не е прв пат Бибер да се бори со депесијата, тој пред неколку години откажа 14 концерти заради проблемите со менталното здравје.
На почетокот на месецот, само 5 месеци откако се венчаа Џастин и Хајли посетија брачно советувалиште. Во неодамнешното интервју за Вог, пејачот раскажа дека му е тешко да им верува на луѓето бидејќи во минатото донел грешни одлуки поврзани со другите, па во почетокот му било проблем да и верува на Хајли. Но тој исто така призна и дека во моментов Хајли му е најголема поддршка.