Џеф Безос не се разведе од чиста мира: Која е жената која беше причината за вој чекор?

Џеф Безос не се разведе од чиста мира: Која е жената која беше причината за вој чекор?

Објавена во: Живот // Живот

Американскиот милијардер Џеф Безос, основачот на компанијата „Амазон“ и прв на листата на најбогати луѓе на светот според магазинот Форбс, по 25 години брак, пред неколку години објави дека се рзведува.

„Сакаме да ве информираме за новините во нашиот живот. Одлучивме да се разведеме и да продолжиме како пријатели. Остануваме семејство, остануваме драги пријатели“ - наведоа тогаш Џеф и Мекензи Безос на нивните твитер-профили.

Џеф Безос со сопругата Мекензи

Само неколку часа подоцна, странските медиуми веќе почнаа да пишуваат за новата партнерка на Џеф, која наводно била причината за еден од можеби најскапите разводи во историјата. Станува збор за Лорен Санчез, некогашна водителка на временска прогноза на телевизијата „Фокс“.

Новата девојка на Безос наводно во тоа време сѐ уште била во брак со Патрик Вајтсел. Атрактивната водителка ги затвори сите профили на социјалните мрежи и одбива да ги коментира гласините за наводната прељуба.

Џеф и неговата сопруга Мекензи имаат четири деца, а се запознале додека и двајцата работеле во иста фирма, многу години пред основањето на „Амазон“. Постои анегдота дека дел од стратешкиот план на компанијата е напишан за време на нивното патување со автомобил од Њујорк до Сиетл.

Богатството на Џеф Безос се проценува на 137 милијарди долари.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: