Џехверовиќ прво се офарба во тренди „џинџер“ боја: Сега со минималната промена ги воодушеви следбениците
Пејачката повторно доби многу позитивни коментари...
Пејачката Теодора Џехверовиќ редовно експериментира со својот изглед, следејќи ги модните трендови, а сега направи минимална промана со која ги воодушеви сите.
Теодора редовно споделува фотографии и видеа на својот Инстаграм профил, па така овој пат не помина незабележливо минималната промена, кога е фризурата во прашање.
Пејачката неодамна се офарба во моќна „џинџер“ боја која, како што оценија нејзините следбеници ѝ стои одлично. Таа очигледно сакала да направи промена, па сега направи и шишки.
Многу девојки би ѝ подзавиделе на долгата и негувана коса, а Теодора очигледно многу води сметка за неа.
фото: Инстаграм