Џеј Ло на почетокот на кариерата била далеку од модна икона: Фотографии кои латино дивата денес со задоволство би ги запалила

Џеј Ло на почетокот на кариерата била далеку од модна икона: Фотографии кои латино дивата денес со задоволство би ги запалила

Објавена во: Мода // Moj стил

Како изгледал модниот стил на Џенифер Лопез на почетокот на нејзината кариера погледнете во продолжение...

Пејачката и актерка, Џенифер Лопез, многумина ја сметаат за модна икона на денешницата. Скоро и да не постои парче облека кое не стои убаво на нејзиното совршено тело на кое му посветува многу време.

Џеј Ло е позната по гламурозните изданија, меѓутоа често можеме да ја видиме и во сосема обични изданија - спортски маици и тренерки во кои изгледа како милион долари. Меѓутоа, не било отсекогаш така. 

Сите се сеќаваме на модата која владееше во 90-тите и раните 2000-ти години, која роди исклучително чудни парчиња облека, а ја обожаваа многу познати дами. Меѓу нив секако се вбројува и латино дивата Џенифер Лопез. 

Во продолжение ви издвоивме неколку нејзини изданија од почетокот на нејзината кариера за кои се надеваме дека нема да се вратат на големата врата.

Во меѓувреме, Џеј Ло значително напредуваше, го промени стилот на облекување, направи соработки со многу модни брендови, а денес слободно можеме да кажеме е вистински пример за многу девојки.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: