Џеј Ло откри како и со што се шминка за црвениот килим: Еве како може да се нашминкате како неа (ВИДЕО)
Можете да го ископирате овој изглед за некоја свечена пригода, како матурската вечер на пример...
Џенифер Лопез со своите следбеници на Инстаграм ја сподели комплетната рутина за шминкање во очи на најголемиот моден настан на годината - Мет Гала.
Ставила лента на глава, за да не ѝ пречи косата и процесот на подготовка на лицето пред шминкањето можел да започне. Прво на лицето нанела она што го нарекла „светиот грал“, а тоа е серумот „That JLO Glow“ од нејзината козметичка линија „JLO Beauty“ за прекрасен сјај на кожата.
„Мислам дека луѓето ме сметаат за бронзена, како секогаш да сум на сонце и такви работи, но вистина е дека не се сунчам многу“ - кажа актерката додека нанесуваше крема со SPF на својата кожа.
Откако нејзината кожа во потполност беше хидратизирана, се препушти во рацете на шминкерката Еш К. Холм.
„Сѐ е во тоа шминката да остане сензуална и нејзината природна убавина да заблеска низ шминката“ - објасни шминкерката.
Холм објасни што сѐ користела за беспрекорниот изглед на својата клиентка. Очите ги нагласила со палетата „Huda Beauty Empowered“ и препките „Kiss Lashes My Lash But Better Collection“, чија цена на онлајн продавниците не е поголема од 8 долари. Веѓите ги средила со „Anastasia Beverly Hills Brow Definer“. На усните ѝ го нанела серумот „Buxom Shot Collagen Infused“.
Очигледно е дека за Џенифер важи правилото дека „помалку е подобро“, па така на Мет Гала заблеска во фустан од Ралф Лорен и шминка која сега може да ја копира секоја девојка.
фото: Принтскрин / Инстаграм