Џејк Пол нема да престане да прави забави среде пандемија: Морам да живеам
И покрај тоа што во Соединетите Американски Држави ситуацијата е најкритична, кога е во прашање бројот на заразени и починати од Ковид - 19, Џејк Пол не се откажува од „својот живот“.
Во едно неодамнешно интервју, овој 23 - годишен јутјубер се насочи кон критиките кои ги доби поради големите забави кои минатиот месец ги организираше во својот дом.
„Не знам да мислам за тоа, да бидам искрен. Мислам дека никој не знае. Никој нема одговор, нашите лидери не разочараа и мислам дека целокупното општество не знае што да прави“ - започна тој.
„Јас лично не сум личност која ќе седи дома и ќе престане да го живее животот“ - додаде.
Пол се најде на удар откако на 14 јули организираше голема забава, на која присуствуваа ТикТокери, Јутјубери и сите останати инфлуенсери. Секако, правилата за дистанца и носење на маски не се почитуваа.
Градоначалничката на Калабасас, Алисиа Веинтрауб по забавата изјави дека е „бесна“ поради целиот настан.
Пол откри дека разговарал со неа и дека таа му кажала „дека е во ред“. Сепак, таа тоа го демантираше, наведувајќи дека разговарала само со неговите претставници за медиумите.
Но, тој не е единствен, бидејќи и неговите колеги се забавуваат: во куќата Hype House во Лос Анџелес, на 21 јули се организираше забава, каде повторно имаше голем број на инфлуенсери и каде што ниту една безбедносна мерка не се почитуваше.