Џена Ортега ќе глуми во филмот „Beetlejuice 2“: Еве кога ќе пристине оваа хорор комедија во кината
Џена ќе се појави во уште еден мрачен филм...
По сите гласини и шпекулации, сега е официјално потврдено: Џена Ортега ќе ја гледаме во филмот „Beetlejuice 2“.
Првиот дел од овој филм е снимен во 1988 година, а продолжението на хоророт на Тим Буртон пристигнува во кината следната година, поточно на 6 септември 2024 година. Мајкл Китон ќе ја репризира улогата на Битлџус, Виона Рајдер се враќа како Лидија Диџ, а Џена Ортега ќе ја глуми нејзината ќерка.
Jenna Ortega will officially star in ‘BEETLEJUICE 2’ as the daughter of Winona Ryder’s Lydia Deetz.
— DiscussingFilm (@DiscussingFilm) May 9, 2023
The film releases on September 6, 2024. pic.twitter.com/40OOw4FVN7
Во филмот, исто така ќе се појави и Џастин Тери, но уште не е откриена неговата улога. Според американските медиуми, филмската продукција започнува со снимање на вториот дел од филмот.
Филмските критичари веќе ја нарекоа Џена „кралица на крикот на генерацијата зет“. Од нејзината брилијантна улога како Венсдеј во истоимената серија на Нетфликс, па сѐ до филмот „Scream“, оваа 20-годишна девојка, дефинитивно е кралица на жанрот хорор. Не се сомневаме дека ќе заблеска и во ова остварување, продолжението на филмот кој пред 35 години со буџет од 15 милиони долари, успеа да заработи неверојатни 75 милиони.
фото: Принтскрин / Инстаграм