Џенет МекКарди од рано детство трпела непријатности: Смртта на мајка ѝ ја спасила
Од порано знаеме дека Џенет МекКарди имала многу проблеми со својата мајка која во 2014 година почина од рак. Ужасниот настан сепак позитивно влијаел на Џенет, која конечно успеала да се извлече од пеколот во кој била од раното детство.
Џенет во разговорот за „People“ изнесе нови детали, од кои некои се крајно болни. Како што наведе таа, сè додека не наполнила 17 години, нејзината мајка не ѝ дозволувала да се тушира сама, туку цело време ја надгледувала. Освен тоа, не ѝ дозволувала да оди на гинеколог, туку сама ѝ извршувала преглед на градите и половиот орган.
Сето тоа се случувало во периодот додека се снимала серијата „iCarly“, а од својата мајка научила и како да биде анорексична и да боледува од булимија.
„Доколку би била мајка ми жива, јас и понатаму би била таква. Дури кога се дистанцирав од неа, тоа ми дозволи да оздравам. Сега конечно дојдов до точката во животот која не ми делуваше реална. Конечно сум слободна“.
Џенет исткана дека нејзината мајка од рано детство ја присилувала да глуми, иако на неа тоа никогаш не ѝ се допаѓало. Сепак, таа била принудена да се занимава со таа работа, бидејќи во спортивно од мајка ѝ ќе добила невротични реакции и ќе трпела физички и психичко насилство.